Една чаша вино менува еден час вежбање

By

Најновото истражување на Универзитетот Алберта во Канада покажало дека ефектот на една чаша црвено вино е еднаков на цел час вежбање во вежбалница. Според нив, ресвератролот што го има во црното вино има антиинфламаторно дејство, антиканцерогено дејство и помага при кардиоваскуларните болести. Истовремено го намалува нивото на шеќер во крвта.

Според Џејсон Дајк, црвеното вино го одржува тонусот на мускулите. Ресвератролот го зголемува бројот на отчукувања на срцето, го зајакнува срцето и скелетните мускули ги прави посилни и поиздржливи.

Сепак, не треба да се претерува со пиењето вино. Тој додава дека оптимално пиење вино би било 3 до 4 чаши неделно. Истовремено, не треба да се заборави на физичката активност.

Ќе ви се допадне