Една прегратка дневно прави чуда за вашето здравје

Научниците сметаат дека прегрнувањето во траење од најмалку 20 секунди има терапевско дејство и ве прави посреќни. Прегратката на некоја драга и блиска личност го намалува чувството на осаменост, особено во ерата на социјалните мрежи кога луѓето физички се оддалечени едни од други.

Некоја силна прегратка може да го намали чувството на болка, помага во стресот и депресијата, но и опушта. Можеби звучни неверојатно, но прегратката ја намалува шансата за срцеви заболувања. Истражувањата покажале дека во моментите на прегратка, драстично се намалува нивото на кортизол, хормонот на стрес, кој доведува до зголемен крвен притисок и ризик од срцево заболување.

На крајот прегратката е најдобар одговор за сè. Наместо неубави и лоши зборови, прегратката ќе ви овозможи да ги покажете своите емоции кон драгата личност.

 

Scroll to Top