Еднодневна диета

Во светот сè попопуларна станува еднодневната диета со зелен чај. Освен што ја намалува тежината, го чисти телото од токсини. Со оваа диета се тврди дека ќе симнете речиси 2 килограма и ќе го елиминирате вишокот течности. Диетата е само 2 пати месечно.

Потребни ви се две супени лажици зелен чај (да не е спакуван во кесички) и 1,5 литар бадемово млеко. Загрејте го млекото на 60 степени, да е топло, но не претопло. Додајте ги двете лажици зелен чај. Покријте со капак и оставете да стои 20-ина минути. Изладете го и пијте по една шолја млеко со чај на секои два часа. Не заборавајте да пиете многу вода оти оваа напивка е многу силен диуретик, а водата го одржува балансот во телото. Иако изгледа дека е многу ригорозна,  од зелениот чај и млекото нема да бидете гладни во текот на целиот ден.

Оваа диета не се препорачува за лица што страдаат од бубрежни заболувања, кои се алергични на млеко, луѓе со низок крвен притисок и проблеми со жолчката.

Scroll to Top