Ефикасен начин за намалување на менструалните болки и грчеви

By

Дисменореја или болка и грчеви што се јавуваат поради менструацијата, за многу жени е најлошата последица од тие денови во месецот.

Дисменорејата е последица на менструацијата, која се јавува кај најголемиот број жени, а голем број од нив приоѓаат на овој феномен на слични начини. Аналгетиците играат голема улога во борбата против овие болки, особено кај оние жени чија болка е неподнослива. Но, истражувањата покажаа дека грејната терапија е многу ефикасна кога станува збор за грчеви при менструацијата. Не требаат специјални уреди за таква терапија, ниту треба да се потроши голема сума пари на неа. Веројатно веќе имаме сè што треба во домот.

Грејач за менструални грчеви

  • Чорапи (колку подолги, толку подобро)
  • Ориз (несварен, обичен)
  • Микробранова печка
  • Есенцијално масло за ублажување на болката (нане, рузмарин, лаванда, жалфија)
  • Масло за основа (бадемово, кантарионово или оревово масло)

 

Постапка:

Оризот се витка во чорапот и се врзува во јазол. Врзаниот чорап со ориз се става во микробранова печка 30 секунди. Есенцијалното масло (или повеќе од нив) се меша со основното масло и се нанесува на долниот дел на стомакот. Се поставува загреаниот чорап со ориз на стомакот, но најпрвин се проверува дали оризот е премногу топол за да не се создаде контраефект.

Истражувањата покажаа дека грејната терапија помага во намалувањето на болката при менструацијата повеќе од аналгетиците. Но, тоа не значи дека треба да се ставаат шишиња со топла вода и слично на гола кожа. Многу високите температури може да доведат до поголеми проблеми, но при умерени температури болката се ослободува. Ако се додадат есенцијални масла на ова, ефектот се зголемува. Исто така, експертите препорачуваат внесување витамини, здрави масти (омега-3) и топли бањи и акупунктура.

Ќе ви се допадне

Watch Dr. Stone: Stone Wars (Dub) Episode 1 (https://crunchyrollfree.com/m/61Dl/ep-1) at website https://crunchyrollfree.com. See more free crunchyroll account 2020

Log Horizon: Destruction of the Round Table Episode 6 at website https://kissanimeonline.com. See more kissanime black clover