Експертите велат да заборавиме на пандемијата и да се подготвиме за синдемија, доктор предлага вирусот да се прекрсти во Ковид-20

Американско списание за медицина излезе со провокативен коментар дека човештвото е вмешано во синдемија на Ковид-20.

Синдемија претставува група на повеќекратни болести, кои стануваат полоши за човековото здравје, а често се поттикнати од социо-економските детали, како сиромаштијата и здравствените разлики.

Џејмс Џејмс, доктор на медицина и поранешен директор на Американското медицинско здружение, тврди дека додека епидемијата почнала како единствен вирус, кој здравствените работници се обиделе да го спречат и ублажат, сега тоа не е случај повеќе.

Колатералната штета од социјалната изолација и затворањето на училиштата и претпријатијата е огромна, што резултира со проблем од типот на домино-ефект, како што тоа е случај со борбата со менталното здравје и спречените третмани.

Некои популации, како што се, на пример, постарите, Афроамериканците и сормашните заедници, се многу поранливи од тешките и смртоносни исходи. Ваквите заедници бараат интеревенции далеку поголеми од тоа што медицинската заедница може да им го овозможи.

Ковид-20 е криза од големи размери, кои се длабоко вплеткани во социјални и еколошки фактори. Едноставно, задржувањето и ублажувањето на вирусот повеќе не е опција, не е веројатно дека силната вакцина ќе им биде дадена на голем дел од светската популација.

Џејмс забележува дека инфекцијата досега е толку раширена, што треба понатаму да го сметаме вирусот за хроничен и ендемичен, слично како што е и ХИВ, и да му се пристапи како таков.

Џејмс се надева дека промената на името во Ковид-20 ќе даде еден остар страв, кој се роди уште во раните денови на Ковид-19 и истовремено на тој начин ќе се почне со рационална расправа за тековните ризици, однесувањата и одговорите.

Можеби Џејмс вели дека и ќе се престане со подметнувањата одредени медиуми да ги пријавуваат случаите на Ковид-19 како сурови бројки, кои не ја даваат соодветната слика за бројот на заразени од коронавирусот.

Scroll to Top