Експертите велат дека мажите потешко поднесуваат болка и болести од жените

Жените имаат појак имунитет отколку мажите, па од таа причина, меѓу другото, тие послабо понесуваат болка. Освен тоа, ним подобро им дејствуваат вакцините и многубројни медикаменти, тврди професор Питер Џонсон од британскиот Институт за истражување на ракот.

Според студиите на Универзитетот во Лидс, мажите почесто умираат од малиген меланом отколку жените, а експертите веруваат дека виновникот за тоа е тестостеронот.

Машкиот имунитет послабо се брани од канцерогените ќелии и не успева да го сопре нивното ширење во телото. Тоа би можело да биде причина зошто повеќе мажи умираат од меланом.

Двете страни на медалот

„Малигниот меланом е исклучително поврзан со имунитетот. Поради тестостеронот, мажите имаат повеќе влакна, четвртести бради, но и послаб имунитет“, објаснува професор Џонсон.

Во текот на испитувањето животни научниците го блокирале дејствувањето на тестостеронот и откриле дека таквата постапка го забрзува заздравувањето на имунитетот од хемотерапија.

Сепак, негативната страна на силниот женски имунитет е нивната склоност кон заболувањето од автоимуни болести, покажува студијата на Универзитетот „Фридрих Шилер“ во Јен.

Понежниот пол страда и од хронични болести, како дијабетес тип 1, мултипла склероза, ревматичен артритис…

Поефикасна терапија

Начинот на кој тестостеронот му смета на имунитетот не е утврден, но експертите веруваат дека може да се открие со помош на создавањето поефикасни терапии за мажите. Притоа заклучено е дека тестостеронот игра и значајна улога во тоа што жените поднесуваат вируси (грип и коронавирус).

Scroll to Top