Евтина домашна маска против брчки

 

Квалитетна и евтина, а исклучително делотворна. Едноставно, мора да ја пробате.

Нашата кожа е исклучително нежна. Со текот на годините таа ја побрзо ја губи својата еластичност, а потоа на сцена настапуваат брчките. Ситните брчки коишто се појавуваат околу нашите очи, некои ги прифаќаат како природен процес на стареењето, но многумина од нас се обидуваат да го продолжат и сочуваат младешкиот изглед.
За подготовка на оваа крема ќе ви бидат потребни 1/5 мала лажичка кокосово масло и 2 до 3 капки етерично масло од темјан. Едноставно, измешајте ги и двете масла и нанесете на кожата со лесни и масирачки движења, на чисто и суво подрачје околу очите, или на целото лице. Кремата се нанесува два часа пред спиење и притоа, не се исплакнува. Оваа крема ќе ви послужи како чудесен еликсир за тенката кожа околу очите.Кремата може да ја употребувате и за пределот на деколтето, а може да направите и поголемо количество коешто би требало да го чувате во помал стаклен сад.

Scroll to Top