Галењето миленици го намалува стресот

Галењето домашни миленици го намалува нивото на стрес, тврди германски стручњак за влијанието на животните врз човековата психологија. Сопствениците на домашните миленици кои имаат блиска емотивна врска со своите миленици може да ги смират нервите, вели за DPA Андреа Бец, психолог од универзитетот во Рошток, каде ги проучува емоционалните промени во интеракцијата меѓу луѓето и животните.

Колку што едно лице е поприврзано со животното, поголем е ефектот од галењето, без разлика дали станува збор за пес или мачка, или зајак. А ефектот е обостран, бидејќи и животните го чувствуваат лачењето на хормонот на мазењето – окситоцин, па и тие се смируваат.

Дури и луѓето што немаат домашни миленици може да се олабават со туѓо животно. Условот е единствено лицето што сака да се смири навистина да ги сака животните. Само пет минути галење се доволни да се почувствуваат промени во нивото на задоволство, вели Бец.

Scroll to Top