Грав место андол, лути пиперки за температура

Со промените на времето доаѓаат и првите настинки. Наместо веднаш да посегнете по апчиња, обидете се на природен начин да ги ублажите симптомите и да ги победите бактериите.

Гравот може да го користите наместо андол. Тој е одличен за смирување на главоболка предизвикана од настинка. Доколку настинката е силна, варете грав и лук додека не омекнат, па испасирајте ги и додадете малку сок од лимон. Со оваа смеса намачкајте ги слепочниците. За кусо време ќе престанете да чувствувате надуеност, притисок и главоболката ќе исчезне.

Магдоносот и босилекот го смируваат кашлањето. Ако ве мачи сува кашлица, сварете чај од босилек и пијте го млак или изладен во текот на денот. Вториот рецепт е ситно сечкан корен од магдонос измешан со чаша бело вино. Кога ќе преврие, пијте го топло, неколку пати на ден.

Со лути пиперки се намалува температурата. Лутината го тера телото на прекумерно потење, па тоа предизвикува разладување на целиот организам.

Циметот и ориганото ги уништуваат бактериите и не дозволуваат тие да се размножуваат. Доколку ги конзумирате редовно во нормални количини, вашето тело автоматски ќе се бори подобро против бактериите. Докажано дека ако во меленото месо додадете цимет или оригано, може да се спречи развивањето на бактериите во него.

Scroll to Top