Хит диета од 8 часа

Диетата од осум часа дозволува да се консумира секоја храна под услов да ја јадете помеѓу 9 и 17 часот. По 17 часот, нема внесување храна.

Американците се луди за новата книга со наслов „Исхрана од осум часа! Видете како килограмите исчезнуваат, а да не внимавате на она што го јадете“.

Aвтори на книгата се Дејвид Цинченко и Питер Мура, кои се „колнат“ дека диетата дејствува.

Она што најмногу ги привлече луѓето е фактот дека нивната диета од осум часа им дозволува да го јадат она што тие сакаат, но под услов тоа да го јадат од 9 до 17 часот. Цинченко и Мура тврдат дека најголемата закана за виткоста е прејадувањето по 17 часот, односно во вечерните часови кога повеќето луѓе лежат пред телевизорите и јадат.

„Нашите тела не можат да ја обработат храната што се јаде во подоцнежните часови од денот и тие калории завршуваат онаму каде што не треба – на задникот и стомакот”, пишуваат во својата книга.

Тие тврдат дека луѓето кои се придржуваат до нивната диета од осум часа неделно можат да изгубат тежина околу четири килограми за еден месец. Во време од 9 до 17 часот може да се јаде сè, но не подоцна од тоа. Дозволена е варијанта на диета 11-19 часот, но напоменуваат дека таа е поефективна кога е од 9 до 17 часот

Нивниот пристап кон исхраната и не е некоја сензационалн новост. Уште претходно нутриционистите веќе тврдеа дека е добро да не се јаде по 18 часот. Иако идејата на Цинченко и Мура има смисла, експертите објаснуваат дека не треба да се јаде баш се, и да се избегнува мрсна и брза храна, која не е добра за здравјето.

Scroll to Top