Храната што лошо влијае на расположението во поголем дел е нездрава, преработена и брза храна. Кога не внесуваме доволно хранливи материи, тешко се соочуваме со секојдневните обврски, деконцентрирани сме и често депресивни.
Храна што лошо влијае на расположението се шеќерот, кексите и благото, пржената и преработената, односно соковите богати со шеќери.
Шеќери
Храната што во себе содржи преработени шеќери го зголемува ризикот за развој на депресија, односно го намалува лачењето серотонин, хормонот на среќа.
Кекси и слатки
Оваа храна е богата исто така со шеќери, но и соја, како и додатоци што негативно влијаат на здравјето на организмот. Покрај тоа, со нивно често консимирање телото губи енергија, односно доаѓа до пад на концентрацијата и лошо расположение.
Брза, пржена и преработена храна
Ваквата храна е полна со нездрави маснотии, кои ја попречуваат работата на организмот. Долготрајното консумирање ваква храна резултира со зачестени промени во расположението, а може да доведе и до депресија.
Сокови богати со шеќери и диетални пијалаци
Овие пијалаци содржат вештачки шеќери што го спречуваат производството на серотонин. Наместо тоа, направете си природен свеж сок или напијте се шолја зелен чај.