Пенисот е како копче за возбудување. Неточно!

Ако немате пенис, логично е дека некои работи околу него нема да ви бидат јасни…

„Се крева на знак“

Сопствениците не ги управуваат пенисите по своја волја. Тоа значи дека понекогаш ќе се пробудат и во најнепријатните ситуации, а понекогаш кога се со згодна девојка во кревет тотално ќе се изгубат.

„Пенисот е како копче за возбудување“

Неточно, ќе мора малку повеќе да се потрудите.

„Доколку пенисот остане горе после сексот, значи дека е спремен веднаш да започне од почеток“

Не. Ова можеби ќе ве разочара, но и нему му треба пауза или „тајм аут“. Пенисот може да остане кренат по инерција, но тоа не значи дека не му треба одмор пред да продолжи.

„Лесно е да го одржувате“

Бричењето или сечењето на влакната е доста комплицирано само по себе, уште кога како резултат на тоа се јават и болните акни, дефинитивно ни ним не им е лесно.

„Пенисите се чувствителни и со нив треба нежно како со мали зајчиња“

Ова можете да го кажете на глас единствено како навреда. Пенисите се всушност толку цврсти, како да се од адамантиум, инаку како мислите дека би можеле да издржат тежина на уште личност и да функционираат како импровизирана наковална?

„Тој се крева само кога е возбуден“

Пак погрешно, понекогаш се крева без причина, дури и кога не сте присутни.

„Ако не му се крева, повеќе не му се допаѓам“

Постојат мал милион причини зошто не му се кренал и повеќето од нив немаат апсолутно никаква врска со вас. Поверојатно причината за тоа да е нервозата, стресот на работа или хормоналните проблеми, отколку тоа дека вашиот партнер не ве смета за привлечни.

Scroll to Top