Исчистете го домот од бактерии и вируси по помината настинка

За време на настинка бактериите и вирусите се шират насекаде околу нас, а ги има и во нашиот дом. Сепак, постои едноставен начин за да го исчистите домот и да го спречите ширењето на нови вируси. Микробиологот и имунолог Џејсон Тетро вели дека дезинфекцијата на домот треба да ја правите и додека сте болни. Според него, вирусот на грип може да се рашири на 60 отсто од површината на вашиот дом кога сте болни.

„Секој допрен предмет може да биде ризичен фактор за ширење вируси. Вирусот грип може да преживее од неколку часа до неколку дена на отворено, па лесно се шири“, вели тој и совертува домот да се дезинфицира и по обична настинка.

Најпрво чистете ги работите кои најмногу сте ги допирале – делови од компјутер, врата од фрижидер и соба, телефон и слично. според Тетро, најлесен начин за дезинфекција е пареа.

„Ако ја користете топлината да го спречите ширењето вируси, тогаш нема шанси вирусот повторно да дојде до телото“, раскажува тој.

Додава и дека со помош на пареа можете да ги исчистите сите површини, а за електронските уреди да користите дезинфекциски марамчиња.

Scroll to Top