Исчистете го организмот со пролетна салата

Нутриционистите препорачуваат пред пролетта еден оброк да се замени со лесна и хранлива салата. Салатата која содржи витамини, минерали и протеини, се состои од марула, грав, авокадо и пиперка.

Две шолји грав сварете ги во посолена вода и исцедете. Додајте ги во исечканата зелена салата, исечете ја пиперката (црвена или зелена), авокадото исечете го на резанки и се промешајте. За преливот, измешајте во мал сад маслиново масло, истолчено чешне лук, сок од половина лимон, малку рендан ѓумбир (или во прав), хималајска сол по вкус и куркума во прав. Врз салатата можете да ставите малку сусам.

Scroll to Top