Исповед на Британец за симптомите кои ги добил откако ја примил Оксфордската вакцина против коронавирусот

Џек Сомерс бил дел лицата кои биле подложни на раните фази на тестирање на оксфордската вакцина против ковид 19 и сега детално објаснил како изгледа целата постапка за пријава за учество во испитувањето и како се чувствувал по вакцинацијата.

Неговото признание тој го дал за „Индепендент“.

„Првпат се пријавив за испитување на вакцината на почетокот на мај. За пет посети, болницата ми плати 235 фунти. Имав разни игли во рацете и воглавно се чувствував како заморче. Се надевав дека може ќе помогнам во развојот на вакцината за која толку се разговараше“, открива тој.

„За ништо не се зборуваше толку, како за нашиот потенцијален спас од коронакризата, а тестирањето на Оксфордската вакцина беше еден од можните одговори кој се развваше ширум светот. Вакцината повеќе пати беше истакната како најголемата надеж за враќање на нашиот живот каков што беше пред пандемијата. Владата на Велика Британија вложи сериозни пари и вети комбинирани 43 милиони фунти во лаборатории со седиште во нејзината земја, кои ги воведоа тестовите на луѓето. Првата фаза, во која учествував и јас, се случи во Анлгија во мај. Процесот на пријавување беше многу прифатлив за луѓето, отколку што на прв момент очекував. Постои голема администрација, и бараат да им се поднесат документите за банковнте сметки. Многу од луѓето беа загрижени и поради убодот. Се пријавив преку онлајн и таму ми поставија многу прашања за личната и здравствена историја на моето семејство. Кога ми ја одобрија вакцината, ме повикаа во болницата во Јужен Лондон. Два месеци бев изолиран во мојот стан. Живеев сам и од неодамна станав невработен. Се најдов во чекалната опкружен со други луѓе, за кои претпоставував дека се тука со мене од истата причина. При првата посета, морате да дадете примерок од урина во крвта, да ги пополните образците и да го погледнете видеото за тоа како се очекува да добиете само благи непосакувани ефекти. Потоа си заминувавме дома, и чекавме зелено светло, кога сите работи ќе бидат проверени. Во меѓувреме, моите пријатели и семејството имаа еден куп прашања, вклучувајќи и многу заблдуи дека ќе бидеме изложени на коронавирус, како дел од пробата. Тоа не е точно. Два дена по мојата прва посета во болницата, испратив мејл со дополнителни прашања, зошто немам добиено повик за инекцијата. Ми одговорија да се смирам и да почекам. Тогаш за првпат почнав да се чувствувам нервозно. Ме повикаа и ме вратија во болницата. Бев загрижен. Тоа беше најблиското чувство за работа, кое го имав во последните неколку месеци. Тоа беше примамливо потсетување за животот пред да се заклучите (и покрај стерилната атмосфера). Мојата носталгија брзо испари, кога медицинската сестра почна да зборува за вакцините кои им се даваат на мајмуните. Признавам, ја ценев жртвата за медицинска наука, но спокојната слика од заморецот во мојата глава, сега навистина повеќе не постоеше. Се потетив на неколку пораки кои ги добив од луѓето од чувствителните групи, вклучувајќи и една жена со мултиплекс склероза, која ми кажа дека треба да направиме нешто што би можело да им помогне на милиони луѓе. Поради тоа, јас, како возрасен човек кој не сака игли и гледјаќи хорор филмови низ прсти, се чувствував бестрашен“, вели Сомерс.

Тој вели дека самата инекција, едната доза која ја примиле, била безболна.

„Добив термометар и ми беше побарано секојдневно да ги бележам моите симптоми преку мрежен дневник. Се чини дека мојот најголем непосакуван ефект беше паранојата. Не знам дали бев во 50% од испитаниците кои ја примиле реалната вакцина или во 50% од плацебо контролната група, но само во првите недели, два пати лежев во кревет со благи симптоми на топлина“, вели тој.

„Забележав дека имав грозница и кивање на третиот ден по вакцинирањето. Со оглед на тоа дека мојата температура тој ден беше сосема нормална 36.5 степени, моите зборови можеби звучат малку претерано. Како неделите минуваа, повеќе немав симптоми. Сметав дека вакцината е успешна. Некогаш бев преокупиран со тоа, која вакцина ќе излезе прва, но секоја добра вест за вакцината која јас ја примив, на некој начин ме тераше да навивам и да славам. Тогаш кога беше објавено дека вакцинираните мајмуни добиле коронавирус, се почувствував изгубен. Сакав да им кажам на внуците дека се тестирав и ја примив вакцината која го спаси човештвото, а не да бидам еден од заборавените резулати кои не успеале. Гледајќи наназад, гледам дека себе си погрешно сум се гледал како главен јунак, кој сигурно имал најдобра приказна и најдраматични нуспојави. На крајот сватив дека ќе бидам само еден од илјадниците доброволци кои се пријавиле за испитување на Оксфордската вакцина.

Неуспехот и учењето се клучни за успехот на научниците, па дури и ако мојата вакцина пропадне, никогаш нема да се пожалам што јас бев еден од привте кои своето име го има напишано на таа прочуена листа.

Џек Сомерс вели дека не почувствувал непосакувани ефекти од вакцината од мај, ниту пак добил коронавирус.

Извор/Курир.рс/Индипендент

.

Scroll to Top