Избелете ги забите со куркума

Избелувањето на забите со куркума е познато одамна. Ова е особено препорачливо за љубителите на црниот чај и кафето, но и за пушачите. Куркумата во себе не содржи состојки кои можат да им наштетат на забите, а по само една недела редовно користење, ќе ги видите првите резултати. За да ги избелите забите, на четката за заби нанесете 1/4 лажичка куркума. Потоа четкајте ги забите како и вообичаено, но немојте веднаш да ја плакнете устата, туку оставете ја куркумата да делува околу 5 минути.

Освен ова, можете да направите и паста со куркума – во неколку капки маслиново масло ставете 1/4 лажичка куркума. Смесата убаво измешајте ја, па со неа исчистете ги забите. Оставете да делува неколку минути, па исплакнете ја устата.

Scroll to Top