Спреј за нос за кој се тврди дека убива 99,9% вирусни честички почна да се произведува во Израел. Спрејот би можел да спречи голем дел од ширењето на коронавирусот низ светот, тврди д-р Гили Регев.
„Ние се надеваме дека спрејот ќе спаси многу животи во земјите кои чекаат вакцини. Најважно е што нема да биде воопшто скап. Ќе може превентивно да се користи против секоја респираторна вирусна инфекција“, рече д-р Гили Регев, која го пронајде спрејот.
Таа вели дека спрејот се покажал делотворен во лабораторија против широк спектар на вируси.
„Новите варијанти на коронавирусот нема да влијаат врз неговата делотворност. Тој ги убива сите вируси и сите видови“, вели докторката.
Нарекувајќи го спрејот „Еновид“ дезинфициенс за нос, таа рече дека спрејот создава физичка бариера во носните шуплини за да ги сопре вирусите. Но, и хемиска бариера од азотен моноксид, кој е познат дека има антимикропски квалитети.„Ова е посебен спреј, кој не само што запира вируси, туку и ги убива, што е уште поважно“, вели Регев.
Израел е првата земја каде што спрејот ќе се продава откако беше одобрен од министерството за здравство, а одобрение за продажба добил и во Нов Зеланд.