Јадете храна богата со калиум

Недостатокот на калиум во организмот можете да ви предизвика проблеми.

Резултатите од истражувањата кои се спроведени од експертите на Универзитетот во Алабама покажале дека храната богата со калиум може да ги спречи смртоносните блокади, така што нема да дозволи ѕидовите на артеријата со тек на време да стврднат.

Научниците истражувањата ги спровеле на глувчиња со висок ризик од срцеви заболувања откако консумирале голема количина на масти. Потоа, глувчињата ги хранеле со високо, нормално и ниско ниво на калиум.

Артериите на глувчињата кои внеле помало ниво на калиум биле многу попроблематични. Од друга страна, кај единките кои внеле поголема количина на калиум поретко доаѓало до стврднување на артериите. Исто така, воочено е дека оние глувци кои се хранеле со намирници кои содржат висока количина на калиум имале помала крутост на крвните садови.

Доктор Мајк Наптон од британското здружение кое се занимава со истражување со срцевите болести рекол дека и неодамнешните студии покажале дека недостатокот на калиум во организмот предизвикува стврднување на артериите.

Научниците веруваат дека калиумот има способност да ги регулира гените кои одржуваат флексибилност на артериите.

Просечниот дневен внес на калиум би требало да биде 3.500 милиграма, советуваат експертите. Освен бананата, овој минерал е застапен доста и во спанаќот, доматот и компирот.

Scroll to Top