Јадете лубеница, добра е за хидратација и слабеење

За време на топлите денови во јули и август јадете лубеницата. Голем плус е што не мора да се грижите за линијата затоа што во 100 грама лубеница има само 30 калории, а богати се со витамин Ц и А.

Според количината на шеќер во лубеницата тие се класифицирани како овошје, но бидејќи е од семејството тикви, дињи и тиквички, годишни растенија кои растат на земја, некои би рекле дека станува збор за зеленчук.

Црвено, слатко и освежувачкото месо кое е богато со витамини и други важни материи. Изобилуваат со витамини Ц и А, а содржат и значајна количина на бетакаротен, а тука е и моќниот антиоксиданс ликопен.

Внесот на течности исклучетелно е важен во време на летните месеци кога телото повеќе се поти. Со оглед на тоа што може да се пофали со содржина од 92 отсто вода, лубеницата во овој случај многу може да помогне затоа што е одлична алтернатива за оние кои не сакаат да пијат течност.

Благодарение на комбинацијата вода и влакна на лубеница лесно се заситува, а носи дури 30 калории во 100 грама па не ја загрозува линијата ни кога ќе изедеме малку повеќе.

Помеѓу состојките кои содржат витамин Б6, лубеницата е на прво место во борбата против разни болсти на срцето и крвните садови.

 

Scroll to Top