Јапонска диета со банани

Оваа јапонска диета со банана стана хит во светот. Неа ја креираа Сумико и Хитошија Ватанабеа, кои се фармацевти по професија. Основното правило на диетата е за појадок да јадете банана со чаша млака вода. Препорачливо е наутро да јадете до четири банани и да испиете барем две чаши млака вода. Останатите оброци во текот на денот треба да бидат здрави, лесни и регулирани. Не постојат посебни правила што и како треба да се јаде, само е важно да не претерувате со нездрава или брза храна.

Во текот на диетата смеете да пиете само млака вода и препорачливо е тоа да го практикувате најмалку 12 дена. Последниот оброк треба да ви биде 4 часа пред спиење, а мора да спиете барем 8 часа. Треба да си легнувате најдоцна на полноќ.

За време на диетата не се препорачува алкохол, кафе и цигари, а десертите се строго забранети.

Scroll to Top