Јапонски лекар живеел 105 години, ова се неговите десет златни совети за долг, здрав и квалитетен живот

Многумина во Јапонија сметаат дека докторот Шигеаки Хонохара е заслужен и во голема мера има придонесено за неговата нација да има среќен и квалитетен живот.

Хинохара починал на 18 јули 2017 година, на 105-годишна возраст, а како свое наследство на целиот свет му остави вредни сознанија и тајните за долг живот.

Преку својот пример тој им даде совети на сите како да се стигне до стотата година од животот и истовремено да се биде во добра форма и да се има здраво тело и дух.

 

Хонохара воспоставил медицински систем преку кој Јапонија како народ станал еден од најдолговечните на светот. Речиси до својата смрт тој работел во болницата, лекувал пациенти и им предавал на своите студенти на факултет.
Ова се неговите 10 златни совети за постигнување долг, здрав и квалитетен живот
1. Енергијата доаѓа од тоа што се чувствуваме добро, а не од здравата исхрана и долгото спиење
„Сите се сеќаваме дека како деца сме се забавувале, а често во тоа време сме заборавале да јадеме или спиеме. Верувам дека можеме да го задржиме тој став и како возрасни лица. Најдобро е да го одмориме телото од премногу правила, како што се ручекот и спиењето“, објаснува Хинохара.
2. Чувајте се од дебелеењето
Доктор Хинохара постојано нагласува дека стотката ја доживуваат оние лица што немеаат вишок килограми, па затоа треба да се внимава на својата тежина и на физичката кондиција. Не треба да се оптоваруваме со исхраната, но сепак треба да се води сметка да не се прејадуваме. Тој, на пример, за појадок пие кафе, чаша млеко и сок од портокал со лажичка маслиново масло. Верува дека ова е одлично за крвта и кожата.
3. Планирајте однапред!
Хинохара секогаш има полн распоред за една година однапред, а дури и планирал и за подалечна иднина. На тој начин, како што вели тој, им се израдувал на Олимписите игри во Токио во 2020 година. За жал, не ги доживеал, но неговиот став кон животот и плановите кажуваат за тоа колкав оптимист бил, што е многу важна одлика за долговечноста.
4. Не морате да одите во пензија ако не сакате
„По 65 години, почнав да волонтирам. Ги прегледувам пациентите, дури и по 18 часа на ден и уживам во секоја минута од мојата работа“, велел Хинохара. Доколку човек го сака тоа што го работи, нека работи. Доколку не сака, нека оди во пензија и нека се посвети на тоа што сака да го работи.
5. Споделете ги знаењето и вештините со другите
Хинохара годишно држел околу 150 предавања. Предавал на лица од секоја возраст. Од деца во училиште до сериозни претприемачи и доктори. Секогаш стоел додека говорел. Предавањата му траеле понекогаш и по 90 минути. Имал обичај да каже дека стоењето го прави посилен.
6. Немојте да верувате во сè што ќе кажат докторите
Доктор Хинохара сметал дека докторите не може да ја излекуваат секоја болест и секој пациент. Им предлагал на луѓето кога лекарите ќе им препишаат некаква терапија или некој преглед, да го прашаат дали тоа би им го препорачале на блиските. Доколку одговорот е негативен, зошто тогаш да се изложуваат на непотребен стрес и страдање? Верувал дека животните и музиката имаат големо влијание во закрепнувањето, многу поголемо отколку што мисли медицината.
7. Секогаш користите скали и самите носете си го багажот
За да останете здрави и витални, заборавете ги лифтовите. Секогаш и секаде користете ги скалите и трудете се да го носите својот багаж самите. Хинохара целиот свој живот користел скали и секогаш прескокнувал по една. Скалите и пешачењето се секојдневна вежба за вашето срце и целото тело.
8.  Барајте некаква инспирација секој ден
Читајте, барајте во библиотеките некој писател што ќе ве инспирира. Така правел и Хинохара. За него, најинспиративна била песната на Роберт Брауниг, „Абт Воглер“. Не морате да се задржувате само на книжевноста. Слушајте музика, уживајте во ликовната уметност и шетајте во природа.
9. Болката е мистериозна
Најефикасен начин за совладување на болката е преку забава. Кога детето ќе се удри, објаснил Хинохара, ќе плаче сè додека некој не му обрне внимание. Тогаш ќе заборави на болката. Така треба да работат и возрасните. Болката треба да ја претопат во забава. Докторот смета дека во болниците треба да се донесат терапевтски кучиња и други видови животни, како и музика, која ќе им помогне на пациентите да се справат со болката.
10. Не преоптоварувајте се со материјални работи
„Не трошете го животот на собирање материјални работи затоа што и така ништо нема да можете да понесете со себе кога ќе умрете“, вели Хинохара во последниот од десетте златни совети за долг и просперитетен живот.

 

 

 

Scroll to Top