Јогурт диета

By

Јогуртот има антибактериски својства, содржи калциум и корисно влијае на нашиот организам. Затоа диетата на база на јогурт брзо и ефикасно ги решава проблемите со килограмите. За пет дена ќе изгубите 4 до 5 килограми, зависно од масните наслаги во вашето тело. Овој режим на исхрана трае само 5 дена. Ако сакате да ја повторите диетата, потребно е да направите пауза од барем еден месец.

ПРВ ДЕН
Појадок: 150мл јогурт и 150гр ананас
Ручек: 50гр ржан леб, една чинија зелена салата прелиена со 150мл јогурт (или таратур), банана
Вечера: 200гр риба печена без масло, 200гр варен компир, 200гр варена блитва

ВТОР ДЕН
Појадок: 150мл овошен јогурт, 200гр јагоди или малини
Ручек: 100гр интегрални тестенини, 60мл сос од домати, 100мл јогурт
Вечера: 150гр кравјо сирење, 50гр интегрален леб, 200гр ротквици

ТРЕТ ДЕН
Појадок: 150мл јогурт, 200гр сезонско овошје или една банана
Ручек: 50гр варен ориз, 200гр варен грашок, 200гр салата од цвекло
Вечера: 200гр печено пилешко бело место, салата од 200гр зелена пиперка и 500гр домати, овошен јогурт 200мл

ЧЕТВРТИ ДЕН
Појадок: 150мл овошен јогурт, 150гр јаболка
Ручек: 200мл супа од печурки, парче ржан леб, 400гр динстан зеленчук (тиквици, домати, моркови, шампињони)
Вечер: 100гр пилешки виршли, 400 гр салата од краставица и јогурт

ПЕТТИ ДЕН
Појадок: 150мл јогурт со 30гр овесни снегулки
Ручек: 200гр варено филе од ослич, 100гр варени моркови, 200гр варен аспарагус, 200гр варен карфиол
Вечера: 100гр компир со јогурт и зачини, зелена салата со лимон

Ќе ви се допадне