Како да ги задржите виталноста и младешкиот изглед и во пензионерските денови

Д-р Снежана Макревска и Марика Дамјаноска се две активни пензионерки кои по многу нешта се разликуваат од своите врснички, а особено по виталноста и активноста.  

Д-р Макревска, вие изгледате многу подобро од многумина ваши врсници. Витална сте и водите активен пензионерски живот. Патувате доста, се дружите, посетувате културни настани, секогаш сте подготвени да помогнете секому. На што се должи таквата ваша виталност и активност?

„Пред се на здравата исхрана која според мене ќе биде лек на 21 век, но и уредниот живот со навики што се стекнуваат со годините. Покрај овие две работи мојата добра здравствена состојба се должи и на негата што ја посветувам на моето тело и дух. За таа намена користам одредени додатоци, но и тие се трудам да бидат на природна база. Така подолго време користам екстрaкт од семки од грозје и како додаток во исхраната, но и за негување, бидејќи тој има многу убави и корисни особини. Кога станува збор за eкстрaкт од семки од грозје како лек, тогаш важно е да се напомене дека тој го намалува лошиот холестерол (LDL), а го нагласува добриот холестерол (HDL). Eкстрaктот од семки од грозје ja подобрува рaбoтaтa на срцето и придонесува енергијата да ни биде на повисоко ниво. Со овој додаток во исхраната се постигнува и рамнотежа на хормоните, се подобрува функциjaтa на мозокот и на ткивата. Истовремено се намалуваат воспалителните процеси во организмот, а може да се намали и зголемената телесна тежина. Исто така, се подобрува и имунитетот на oргaнизмoт. Екстрaктот од семки од грозје се користи во лекување на разни кожни заболувања, но и против создавање на брчки, сува кожа, дамки, стрес, висок крвен пртисок, оштетување на видот, намалена циркулација, а сето ова го има во третата животна доба“.

Д-р Снежана Макревска

Од каде обично добивате информации за нови вакви корисни препарати и дали ги користите редовно?

„Да, редовно користам додатоци и добро се чувствувам, а ги набавувам обично во аптеките на ‘ЗЕГИН’. За нив дознавам од списанија, флаери, од рекламни спотови, но и од весникот ‘Пензионер плус’,“ рече Макревска.

Марика Дамјаноска, дописник на „Пензионер плус“, постојано испраќа написи за подобро здравје, особено за нешта потребни во поодминати години.

Марика, вие сте многу активна пензионерка. Од каде ја црпете вашата непресушна енергија?

„Ја црпам од добрата мисла и желбата да бидам позитивна и корисна. Постојано сум во движење и во комуникација, како со моите најблиски, така и со роднините и пријателите. Веројатно ваквото мое однесување и моите карактерни особини се должат на моите гени, но и на мојот однос кон животот. Но неправедно би било ако не кажам дека своја улога имаат и одредени додатоци на исхраната кои ги земам со години. Еден од нив е  Gelee Royale – Medex кој ми помага одлично да се чувствувам. За оние кои не знаат овој препарат е на база на мед односно на млечот. Gelee Royal капсулите jа зголемува концентрацијата при напорна и одговорна умствена работа. Особено се добро да се користат во третата животна доба кога се намалуваат конгенитивните особини на човекот. Матичен млеч e хранлива бомба и биостимулатор. Исклучително го зајакнува имунитетот, поволно делува на бронхијалната астма, болести на џигерот, зараснување на фрактурите на коските и на кожните заболувања.  Матичниот млеч содржи витамини од Б група, посебно висока концентрација на витамини Б5 и Б6, витамини А, Ц, Д и Е, различни минерали, ензими, 18 видови на аминокиселини и многу корисни материи кои го спречуваат развојот и размножувањето на бактерии и вируси.

Марика Дамјаноска

Во најстарите пишани споменици кои настанаа пред 3000-5000 години се спомнува големата улога на матичниот млеч и неговите биолошки и нутритивни вредности. Докажано е дека матичниот млеч предизвикува чувство на задоволство, прилив на енергија и го подобрува апетитот. Бидејќи активните компоненти на матичниот млеч припаѓаат во категорија на хормони му се припишува лековито својство во лекувањето на неврни психози затоа што има биолошко влијание на функцијата на надубрежната жлездa. Покрај Gelee Royale – Medex, користам и Osteo K2, препарат кој е добар за коските. Содржи калциум и витамин К2 кој е еден вид сообраќаец кој го усмерува калциумот во коските и не му дозволува да се таложи врз ѕидовите на крвните садови. И овој препарат е добрo да се зема во третата животна доба. Се’ на се’ додатоци во исхраната се корисни да се земаат во поодминати години, а нив ги има во голема количина на пазарот, но треба да се внимава од каде се набавуваат. Јас ги набавувам во аптеките на „ЗЕГИН“, бидејќи таму сунм најсигурна“, вели Дамјаноска.

Scroll to Top