Како да препознаете дали имате грип, алергија или настинка

Истражувањата покажале дека голем број од нас не разликуваат настинка или грип, од алергиски напад. Иако симптомите понекогаш се мошне слични, постојат ситни разлики кои ќе ви помогнат да ги разликувате овие здравствени потешкотии.

 

Ви тече носот

Кашлицата, кивањето и течењето на носот се симптоми на настинка и грип. Меѓутоа ако слузта е жолта, најверојатно се работи за настинка. Алергиите исто така предизвикуваат течење од носот, но слузта овде е безбојна.

Ве чешаат очите

Ако кашлицата и кивањето се пропратени со чешање на очите, кои се црвени и насолзени, поголема е веројатноста дека се работи за алергија. Настинката не предизвикува чешање на очите, па тоа е еден од најсигурните начини да ги разликувате настинката и алергијата.

Немате доволно воздух

Недостатокот на воздух може да биде симптом на настинка и грип. Исто така кркорење од градите и недостаток од воздух се чест симптом на болести на респираторниот систем, како што се астма или хронична опструктивна болест на белите дробови. Овие симптоми можат да се знак за инфекција на долните дишни патишта, како бронхитис и пнеумонија, односно воспаление на белите дробови

Температура

Ако имате покачена телесна температура, веројатно се работи за настинка. Алергиите обично не предизвикуваат покачување на температурата.

Траење на тегобите

Алергиските симптоми ќе бидат присутни се додека сте изложени на алергени. При настинка симптомите траат обично до 7 дена.

Scroll to Top