Како да се ослободите од анксиозноста?

By

1. Секојдневно земајте комплекс Б витамини. Тој ќе му помогне на организмот да се избори со стресот и ќе го поттикне производството на серотонин.

2. Медитацијата и правилното дишење може да биде од помош во борбата против анксиозноста.

3. Фокусирајте се на сегашноста, не на минатото или иднината. Постојаното враќање на минатите случки или константното размислување што ќе се случи (и правењето најцрни сценарија во глава) само ја продлабочуваат анксиозноста. Доколку не излезете од тој „магичен круг“, лесно ќе западнете во депресија затоа што анксиозноста и депресијата се во тесна врска.

4. Покрај комплексот Б витамини, би било добро да внесувате и SAM (С-аденозил метонин). Затоа што како што комплексот Б витамини допринесува за подобро производство на серотонин, така SAM допринесува за подобро производство на серотонин и допамин во организмот. Допаминскиот ефект се огледува во чувството на исполнетост и задоволство со себе.

5. Намалете го внесот на напитоци кои во себе имаат голема концентрација на кофеин (кафе, зелен и црн чај, кока-кола) затоа што истражувањата покажале дека личностите кои патат од анксиозност особено се чувствителни на оваа супстанца.

Анксиозноста не е ретка појава и доста луѓе имаат проблеми со неа. Најголема грижа им создава загриженоста за здравјето, мислата за тоа дали сè е во ред, што другите мислат за вас. Меѓутоа, тука е и стравот од затворениот простор и висината.

Престанете постојано да се грижите и да го барате проблемот (дури и таму каде што го нема) само за да бидете сигурни или безбедни. Немојте да се затворате, бидете свесни за својот проблем и преземете акции како би се решиле од неа. Во спротивно ќе се препуштите на желбата да бидете сигурни и безбедни, а ќе ја пропуштите можноста максимално да го живеете својот живот со полни гради.

 

Ќе ви се допадне