Дехидрацијата е еден од најголемите предизвикувачи на подочници. Соковите и газираните пијалаци нема да ја спречат дехидрацијата, треба да се пие исклучиво вода.
Подочниците се резултат на некои хемиски состојби што можат да се случат во организмот. Многу е подобро да се пристапи на начин да се открие проблемот и да се отстрани отколку да се прикријат подочниците. Кожата околу очите е многу осетлива, тенка и полна со крвни садови. Настанувањето на подочниците може да биде последица од голем број работи, како на пример физичкиот и емоционалниот стрес, пушењето или претераното консумирање алкохол. Е сега некои можат да кажат дека не пушат и дека не пијат толку многу. Во тој случај причината би можела да биде некоја состојба на кожата, како што е екцем или, пак, атопијски дерматитис, кој предизвикува темни подочници. Други чести причини за појава на подочниците би можеле да бидат недоволно спиење, губењето сон, дехидрација, алергии, недостиг на витамини и минерали.
Што можете да направите?
Потребно е консумирање големо количество вода. Дехидрацијата е еден од најголемите предизвикувачи на подочници. Соковите и газираните пијалаци нема да ја спречат дехидрацијата, треба да се пие исклучиво вода.
Понатаму, да се потрудите да си обезбедите мирен сон. Потрудете се да бидете наспани, спијте најмалку осум часа. Тое е период на којшто на организмот му е потребно да се обнови и одмори. Вашето тело не може да закрепне ако не добива доволно сон.
Добро е да се консумираат и мултивитамини. Подочниците можат да бидат и како последица од недостиг на витамин Б12, со што е поврзана и анемија. Експертите препорачуваат и витамин К и витамин Б6.
Од корист ќе ви бидат и кофеинот, зелениот чај, коишто дејствуваат така што ги собираат крвните садови, па подочниците ќе бидат помалку видливи. Две кесички зелен чај го ставате да отстои во пет минути врела вода, го вадите кога ќе се олади и го држите на очите 15 минути.
Користете и крема за нега на местата околу очите. Со развитокот на технологијата, денеска кремите имаат мултиефект кој ја зголемува циркулацијата, го намалува стресот на кожата и обезбедува доста хранливи материјали, кои можат да ги намалат подочниците. Ако се работи за потежок случај, тогаш е потребно да се посоветувате со лекар.