Има една работа што посебно ги привлекува.
Верувале или не, новото истражување, кое го спровела една фабрика за кондоми, потврдило дека дури 73 % од посилната половина сакаат да пробаат секс под туш.
Иако водењето љубов на трпезариската маса или на мекиот тепих пред каминот звучи ужасно секси (можно е затоа што гледаме премногу филмови), повеќе од половина од мажите тврдат дека сексот под туш, едноставно, не може да се надмине. Освен тоа, дури 62 % од испитаниците рекле дека попрво би имаше секс под туш отколку во авионски тоалет.
Кога подобро ќе размислиме, машката опсесија кон сексот под туш и не е така бесмислена. Мораме да се тушираме, па зошто таа должност да не ја зачиниме со оргазам? Оние што го испробале ова тврдат дека местото како да е создадено за страст и уживање, а 81 % од нив тврдат дека би го повториле тоа искуство.
Кога станува збор за годишната доба идеална за оваа активност, 56 % од нив се сложиле дека сексот под туш е идеален во лето.
Сепак, иако летото заврши, искористете ги последните топли денови и заштедете вода туширајќи се заедно. Така ќе се избањате, освежите и ќе се опуштите, сето тоа во страсна прегратка на својот партнер, кој, според резултатите на ова истражување, и тоа како ќе се израдува.