Кардинални фитнес грешки!

Вежбате ли веќе некое време, а резултатите никако да почнат да се гледаат? Тогаш голема е веројатноста да сте виновни за некои од овие фитнес гревови!

Повторување на исти вежби, секој ден

Вежбате ли секогаш на исти справи, или трчате ли секогаш по иста рута, секој ден? Доколку сакате да го унапредите своето вежбање и да останете во топ форма, тогаш едноставно не го саботирајте вежбањето и вежбајте разнолико. Освен што преку различните вежби ќе делувате на различни мускули, со избегнувањето на рутините ќе го направите вежбањето да ви изгледа уште позабавно. Ако секогаш правите исклучиво кардио вежби, пробајте на пример пилатес за промена.

Калории после вежбање

После напорниот ден, се наградивте со сладолед или некое друго слатко? Само затоа што направивте чесен тренинг, не значи дека смеете да го зголемите внесот на калории, посебно ако вежбате за да изгубите некој килограм плус. Наградете се понекогаш со слатко, но на дневна база телото обезбедете го со доволно квалитетни намирници кои ќе ви даваат енергија и кои нема да му наштетат на вашето тело. Никако немојте да си дозволите шолјата топло чоколадо да ви стане рутина после вежбање!

Неправилни вежби

Мислите ли дека сте на вистинскиот пат само затоа што секојдневно се препотувате? Можеби, а можеби и сте потполно во грешка. Многу фитнес тренери приметиле дека луѓето често ги прават вежбите на сосема погрешен начин. Многумина не знаат како правилно да користат одредени справи, со која килажа да вежбаат и која справа е најдобра за користење при постигнување на посакуваната цел. Само затоа што редовно дремете во теретана не значи дека навистина допринесувате за добробит на своето тело. Дури иако мислите дека знаете како треба да вежбате, сепак прашајте некој фитнес инструктор за совет и немојте да мислите, туку бидете сосема сигурни!

Scroll to Top