Германскиот виролог Хендрик Штрек верува дека ќе има и втор и трет бран на инфекција со Ковид19. Тој смета дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот. Според овој германски виролог, не треба да се очекува брзо откривање на вакцина, па затоа болеста уште долго ќе трае.
Во блиска иднина, тој не гледа напредок во развојот на вакцинацијата, и покрај фактот дека огромен број луѓе се вклучени во потрага по лек низ целиот свет. Штрек не е убеден во досегашните резултати во развојот на вакцина или лек.
„Мораме да се помириме со тоа и да сториме најдобро што можеме. Ќе има и втор бран. Ќе има и трет. Тоа значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е веќе сега случај. Ние, исто така, секогаш мора да сметаме на појава на жаришта, како што беше случајот со Гитерлох”, објасни еден од водечките виролози во Германија.