Кефирот го намалува крвниот притисок

Кефирот влијае позитивно на намалување на крвниот притисок, покажале резултатите од новите студии. Претходните истражувања покажале дека нерамнотежата што се создава меѓу бактериите во организмот може да предизвика висок притисок кај некои луѓе, а пробиотиците го намалуваат крвниот притисок. Кефирот, пак, е густо пробиотичко млеко кое е одлично за дигестивниот систем и за одржувањето на позитивните бактерии.

Во новиот експеримент на Универзитетот Обрун во Алабама учествувале три групи луѓе. Едната група имала хипертензија и пиела кефир, втората група имала хипертензија и не пиела кефир. а третата група имала нормален крвен притисок и не пиела кефир.

По девет недели пиење кефир, се утврдило дека првата група имала понизок крвен притисок и подобрена пропустливост на цревата во споредба со групата која не пиела кефир. Покрај тоа, редовното пиење кефир ја обновил рамнотежата на четири различни типа бактерии во цревата и ензимата во мозокот неопходна за нормално функционирање на нервниот систем. Ова, тврдат истражувачите, укажува на тоа дека нервниот и дигестивниот систем работат заедно за да ја намалат хипертензијата.

Scroll to Top