Доколку сакате максимално да ги искористите хранлиците вредности од појадокот, многу е битно во кое време од денот првпат јадете. Кое е најдоброто време за појадок?
Тоа не е изненадувачки, затоа што токму со појадокот започнува работата на нашиот дигестивен систем, што значи дека појадокот мора да биде од максимална корист. Добриот појадок може да ви помогне да го контролирате гладот во текот на денот, па дури и да изгубите вишок килограми.
Она за кое што морате да водите сметка е тоа дека идеално е појадокот да биде најмалку десет до дванаесет часа по последниот оброк – односно, доколку сте вечерале во 20.00, најуспешниот оброк за следниот ден ќе биде во 08.00 наутро.
Најдобро време за појадок е помеѓу 7 и 9 часот, или ако се будите подоцна, во рок од два часа откако ќе се разбудите. Ваквата рутина помага во одржувањето на дигестивниот систем и контрола на нивото на шеќер во крвта.
Доколку не ви се јаде наутро, тогаш дефинитивно не треба да се форсирате, дури и ако станувате навистина рано.
Сепак, би требало да се погрижите во случај на глад да имате можност за здрав и обилен оброк, каде и да се наоѓате, затоа што во спротивно едноставно нема да имате доволно енергија за целиот ден.
Експертите советуваат бирање храна со висока содржина на протеини за појадок.
Како прво, таа ќе ви понуди идеално чувство на заситеност, а како втопро, корисна е за губењето вишок килограми затоа што го намалува ризикот од таложење масти во телото.
Кога се работи за јаглехидратити, ни нив не треба во потполност да ги исклучиме дури и кога се придржувате кон диеталниот тежим на исхрана, затоа што тие на вашето тело му ја обезбедуваат потребната енергија.