Кога не смеете да имате шминка, совети на дерматолозоите

Дерматолозите ни открија дека  лице со мејкап во некои ситуации може да е  опасно.

Ако сте една од оние жени кои ставаат коректор и маскара кога одите во вежбалница– тогаш прочитајте ги советите.  Важно е да знаете дека шминката на лицето може да биде штетна за вашата кожа, па прочитајте во кои ситуации никако не смеете да носите шминка доколку сакате да го ја задржите здравата кожа на лицето.

По micro-needling третман

Како што и самото име сугерира, ова е неинтензивна постапка при која се користат ситни игли за пробивање на кожата за да се поттикне производството на колаген. Резултатот е тонирана кожа со малку видливи белези и брчки.

По оваа постапка се појавуваат отворени рани на кожата, на кои им се потребни неколку часа да се затворат. Дерматолозите ги советуваат пациентите да не нанесуваат шминка најмалку пола ден или шест до осум часа затоа што мораат да допуштат кожата да се врати во нормала, но и да се избегнат  какви било инфекции.

Во вежбалница

Балзам за усни, гел за веѓи или коректор смеете да ставате кога одите во вежбалница, но пудра никако. Доколку носите пудра додека се потите, ќе создадете кал на лицето кое ќе резултира со затнати пори.

По пливање

Носењето шминка додека пливате не е најлошата работа која можете да си ја направите на вашата кожа. Шминката и тоа како може да ве заштите од хлорот во базенот и другите средства за чистење. Она што се случува со вашето лице кога ќе излезете од водата може да ви предизвика проблеми. Шминката помешана со хлор, нечистотија и бактерии кои стојат на вашето лице може да доведат до воспаление. Поради тоа, марамчињата и средството за чистење на шминката секогаш имајте ги при рака.

Кога ќе ти се воспали лицето

Се разбудивте, се погледнавте во лице и видовте дека лицето ви е воспалено? Да, сите ние тоа сме го поминале и сме се обиделе да го замаскираме со шминка. Но, тоа не е паметно. Дерматолозите велат дека во тие ситуации мораме да го пуштиме лицето да дише, да го чистиме со вода и да го хидратизираме, но никако не смееме да носиме шминка која уште повеќе ќе го зголеми воспалението.

По ласерско отстранување на влакненцата

Доколку сте ги отстраниле влакненцата од лицето со ласер, би требало да ѝ дозволите на кожата еден до два дена да дише слободно, пред да ѝ нанесете шминка. Кожата тогаш е чувствителна, а со прекривањето со  каков било производ може да ги затвори вашите пори.

Scroll to Top