Колку често треба да ја менувате четката за заби?

Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Можеби изгледа нереално, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии, вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока.

Освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате. Четката за заби повремено треба да ја исчистите со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови за да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Scroll to Top