Колку често треба да се дезинфицира мобилниот телефон

Најмалку 60% од луѓето никогаш не го исчистиле или дезинфицирале мобилниот телефон, покажуваат светските испитувања. Многу е мал процентот тоа го прават секојдневно. Околу 7% од луето го исчистиле телефонот откако биле болни, а помалку од 20% го чистат еднаш неделно. Лекарите, сепак препорачуваат тој да се дезинфицира барем еднаш дневно.

Мобилните телефони често ги допираме со нечисти раце, а тоа значи дека дури и кога сме ги измиле рацете, ако веднаш потоа го фатиме мобилниот телефон, повторно ги враќаме микроорганизмите на нашата кожа. Дополнително, мобилниот телефон често ни е оставен на биро, во џебот, во чантата, го допираат и други луѓе, а го користиме и додека сме во тоалет.

Ако не можете да се навикнете на секојдневното дезинфицирање, пребришувајте го мобилниот телефон со антибактериски марамчиња секојпат кога ќе се сетите на тоа. Така полесно ќе стекнете навика, која е многу корисна, особено во време кога се шират разни вируси.

Scroll to Top