Колку долго сте безбедни во друштво на лице заразено со коронавирус

Од Американскиот центар за контрола и превенција на болестите CDC неодамна ја ревидираа дефиницијата за близок контакт со личност заразена со коронавирус.

Тие изразија желење и велат дека не постои одредена минутажа врз основа на која можете да бидете сигурни, за тоа дали постои и колкав е ризикот да се заразите со Ковид-19.

За близок контакт досега се сметало времето поминато во просторија со заболен од Ковид-9, на растојание од два метра во период од 15 минути.

Со ревидираната дефиниција, за близок контакт со лице заразено од корона се смета оној кој се наоѓал на помалку од два метра од заразеното лице најмалку 15 минути во рок од 24 часа.

Ревидирањето на дефеницијата следело по објавените студии кои покажале како затворскиот чувар во Вермонт бил позитивен на коронавирус, откако имал повеќе кратки интеракции со шест затвореници кои немале симптоми.

За време на смената чуварот имал вкупно 22 средби со затворениците во времетраење од 17 минути. Но, експертите истакнуваат дека не мора нужно да значи дека не сте се заразиле и ако сте поминале помалку време од 15 минути со заразено лице со Ковид-19.

„Може да постои мал ризик ако станува збор за средба со заразено лице во подолг период, или голем ризик ако се работи за краток период. Постојат голем број варијабли кои влијаат на дозата на вирусот што некој може да ја прими и тоа е најважно“, изјавил Нил Голдстејн, професор по епидемиологија и биостатистика од Универзитетот „Дрексел“.

Освен времето на изложеност, друг важен фактор е дали заразената личност имала симптоми, дали немала или се развиле подоцна. Дали во моментот на средбата биле во затворен или отворен простор, какви била озраченоста на просторот, колку луѓе биле во друштво и каква активност била во прашање, односно што сте работеле во дадениот момент.

На пример, ако сте заразени од лице кое пеело во подрум постои ризик дека сте биле заразени за кратко време, отколку ако станува збор за случај ако сте седеле во прак.

Кога станува збор за бараниот контакт, насоките на CDC се менуваат ако сте носеле заштитна маска. Близок контакт се смета дури и ако заедно со заразената личност сте носеле маска. Тоа не ја менува важонста на маската во заштитата од заразата.

„Маските ја прават големата разлика. Никогаш не би рекол дека ќе се дружам со тоа лице без маска и дека е во ред ако е 14, а не 15 минути. Ова се насоките кои го олеснуваат пронаоѓањето на контактот, но не се смее да се применуваат како насока за лична заштита“, вели Хенри Рејмонд, професор и епидемиолог од Универзитетот „Рутгертс“.

CDC наведуваат дека носењето маски не се зема  предвид кај барањето на контактот, затоа што пошироката јавност не е обучена за избор и правилно носење на маските. Погрешното носење  маски го зголемува ризикот од ширењето на заразата, како и подолгото време на изложување на вирусот и непосредната близина со заразената личност.

Scroll to Top