Колку пати треба да мокрите во текот на денот

Доктор Нил Графштајн, професор по урологија во Њујорк, дал одговор на прашањето колку пати во текот на денот е нормално да мокриме. Иако не постои оптимален број пати, тој вели дека секој треба најмалку четири пати во денот да оди во тоалет за да уринира. Исто така вели дека максимум нормално уринирање е седум пати. Ако мокрите повеќе од тоа, не треба веднаш да паничите, бидејќи мокрењето влијае од голем број фактори, особено од начинот на кој го хидрирате телото.

На пример, ако пиете многу вода, почесто ќе одите во тоалет. Возрасните треба да пијат осум чаши вода дневно. Ако пијат многу алкохол, кафе или течности што го иритираат мочниот меур, често ќе одат во тоалет. Почесто одат во тоалет и оние кои имаат слаб меур, па трчаат да мократ веднаш штом почувствуваат најмала потреба.

Ако мокрите повеќе од 11 пати на ден, а внесувате два литра течност, можно е да имате здравствен проблем и треба веднаш да посетите лекар. Доктор Графштајн предупредува дека честото мокрење е еден од знаците на дијабетес.

Scroll to Top