Коронавирусот и сексот – сè што треба да знаете за да не се разболите

Дали можете да добиете корона при интимен однос е прашање кое ги интересира многумина, а на кое научниците велат дека го имаат одговорот.

Тие велат дека јасно е дека сите граѓани треба да останат дома и контактот со другите луѓе да го сведат на минимум за да се намали ширењето на Ковид-19.

Еве неколку нивни совети за уживање во интимноста и за избегнување на ширењето на нови болести.

Како се пренесува Ковид-19?

  • вирусот може да се прошири на луѓето кои се 1,5 метри оддалечени од личностите со Ковид-19 кога таа личност кашла или кива;
  • вирусот може да се шири со директен контакт.

Мораме уште многу научиме околу Ковид-19 и сексот, но вирусот сè уште не е откриен во спермата или во вагиналната течност. А знаеме дека другите коронавируси не може да се пренесе по сексуален пат.

Имајте на ум дека сте си сами на себе најбезбеден сексуален партнер. Мастурбацијата нема да влијае врз пренесување на Ковид-19, особено ако ги миете рацете и било каквите сексуални играчки со сапун и вода најмалку 20 секунди пред и по сексот.

Најсигурниот партнер е исто така оној со кој живеете. Сексот со блиските луѓе помага при спречувањето на ширење на Ковид-19.

Треба да се избегнуваат блиски контакти, вклучувајќи го сексот со било кој надвор од домот. Ако тоа го правите, намалете го бројот на таквите партнери на минимум.

Ако своите сексуални партнери обично ги наоѓате на интернет, размислете малку да се одморите од состаноци. Видео состаноците, секс разговорите можат да бидат одлична привремена алтернатива.

Бидете внимателни за време на сексот

  • преку бакнеж лесно се пренесува Ковид-19;
  • кондомите можат да го намалат контактот со слузокожата, особено при аналниот секс;
  • со миење на рацете и секс-играчките пред и после сексот е поважен од било кога;
  • прочистете ја тастатурата и екранот кој е чувствителен на допир кој го делите со другите (за видео муабет, гледање порно снимки или било што друго).

Прескокнете го сексот доколку вие или вашиот партнер се чувствувате лошо

  • ако вие или вашиот партнер имате Ковид-19, избегнувајте секс, а особено бакнежи;
  • ако чувствувате дека ќе се разболете, можете да развиете симптоми на Ковид-19м кој вклучува температура, кашлица, главоболка или недостаток на здив.
  • ако вие или вашиот партнер имате болест која може да доведе до потежок облик на Ковид-19, исто така би требало да го прескокнете сексот (тоа може да бидат белите бродови, срцеви болести, дијабетес, рак или ослабен имун систем).
Scroll to Top