Круша против анемија

Крушата содржи шеќери, јагленихидрати, витамин А, Б1, Б2, Ц и ПП, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, сулфур, цинк, бакар, железо, јод, органски киселини, пектин и влакна.

Се препорачува да се користи како превентива за да не дојде до анемија. Кога сте преморени и физички исцрпени доволно е да изедете една круша и вашата енергија ќе се врати во нормала.

Крушата се препорачува и на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот на килограми. Две круши ќе ве заситат, ќе ви обезбедат доволна количина на витамини и минерали, а воедно и ќе го забрзаат метаболизмот.

Крушите помагаат при запек, надуеност и грчеви. Таа е одлична храна за дијабетичарите.

Scroll to Top