Куркума – зачин што го чува здравјето

Куркумата е зачин што се користи во целиот свет и е популарен додаток во многу кујни. Овој зачин, кој потекнува од Индија, е богат со куркумин, активна состојка која влијае позитивно на здравјето. Помага во превенција од ракот, ги ублажува симптомите на артритис, има противвоспалително дејство…

Превенција од рак

Ракот е една од најсмртоносните болести со кои се соочуваат луѓето. Постојат различни видови на рак, но некои од нив се чувствителни на куркумин. Студиите покажаа дека куркуминот може да го забави ширењето на некои видови карцином.

Противвоспалително дејство

Бидејќи има противвоспалителни дејства, куркумата се користи и како додаток во некои лекови. Куркуминот е познат по тоа што ја блокира молекулата NF-kB која го активира воспалението.

Куркуминот, исто така, може да го подобри и здравјето на вашето срце.

 

Куркумата ги ублажува симптомите на артритис, го намалува ризикот од Алцхајмер и Паркинсон, помага во лечење на Кронова болест, лупус, псоријаза. Исто така, куркумата го забрзува метаболизмот, ја подобрува циркулацијата и помага на работата на мозокот.

Scroll to Top