Лек за тироида од зелени оревчиња

By

Лекот направен од зелени ореви и мед се користи и за да се подобри ефикасноста на тироидната жлезда, велат лекарите. Истата напивка им се дава и на неухранети и анемични деца, а се користи и за да се исчисти крвта од отрови и паразити од телото.

Наберете оревчиња со должина од околку 1-1,5см, по можност од дрво кое расте во еколошки чиста средина. Ставете ги во тегла и прелијте ги со медот. Затворете ја убаво теглата и оставете ја на светло место, но не ја изложувајте директно на сонце. На секои десетина дена, отворете го капакот за да излезе воздухот кој е производ на ферментацијата која се одвива во теглата и промешајте го сирупот. После 40-тина дена, процедете ја течноста и отстранете ги малите оревчиња, кои веќе се црни и суви.

Препорачливо е да се зема по 1 лажичка дневно оти младите зелени ореви се природен резервоар на витамин Ц и фенолни состојки. Тие се богати со минерали, како јод, калиум, магнезиум, фосфор, калциум, железо, цинк, хлор, сулфур, манган и бакар. Изобилуваат и со витамини Е, Б1, Б6, Б9 и омега-3 масни киселини.

 

Ќе ви се допадне