Мали работи кои можат да го спречат ракот

Неодамна го одбележавме Светскиот ден на борбата против ракот, чија цел е едноставна: обратете внимание на своето тело, откријте ја болеста во раната фаза, тоа ќе ви помогне да преживеете.

Ви носиме десет работи коi може да ги направи секој од нас, а кои можат да го спречат развојот на ракот во нашето тело.

1. Престанете да пушите.

2. Немојте да дозволите да бидете пасивен пушач.

3. Одржувајте здрава телесна тежина – ниту слаби, ниту дебели.

4. Што помалку седете, а што повеќе шетајте.

5. Јадете што поздрава храна (овошје, зеленчук, здраво месо, сирење, туршија, салати, јогурт и кефир.)

6. Намалете го внесот на алкохол.

7. Внимателно изложувајте се на сонце (не дозволувајте да изгорите, излегувајте надвор кога има најмалку УВ-зрачење).

8. Не  изложувајте se на канцерогени супстанци (секоја фирма мора да ги обезбеди своите работници, односно да не ги изложуваат на ризици).

9. Доите ги своите деца.

10. Погрижете се вашето дете да ја добие вистинската вакцина (новороденчето треба да се вакцинира против Хепатитис Б, девојчињата во тинејџерските години против ХПВ).

Scroll to Top