Маска од кисела зелка против акни

Киселата зелка, велат козметичарите, има моќ да го подобри тенот, да ги исчисти и отвори порите и да ги отстрани штетните радикали. Зелката совршено ја избелува кожата, ама успешно ги отстранува и акните и темните дамки.

Маската од кисела зелка се подготвува многу едноставно. Оваа универзална маска која ја освежува, ја храни и ја омекнува кожата. Доволно е да ставите дебел слој зелка на завој и да ја држите 15 минути на лицето. Оваа постапка се препорачува да ја повторувате еднаш неделно.

Ако сакате да ја избелите кожата, помешајте сок од зелка со сок од лимон и околу 20 милилитри јогурт. Ставете ја маската на лицето и држете ја десетина минути.

Киселата зелка ја храни и ја смирува кожата. Направете маска мешавина од кисела зелка, сирење и павлака. Нанесете ја на лицето и по 15 минути измијте ја со топла вода. Кога ќе ја отстраните, ставете на лицето облоги од ладен чај.

Ако имате сува кожа, најдобро е киселата зелка да ја помешате со жолчка од јајце. Оваа маска нанесувајте ја на лицето еднаш неделно.

Scroll to Top