Маските помагаат во борбата со короната

By

Маските помагаат во борбата со короната, е наведено во една студија, која ја направило американското Министерство за одбрана.

Во студијата е објаснето дека ризикот од изложеност на коронавирусот за време на лет со авион е многу низок. Човек што седи и носи маска има многу поголеми шанси да не се зарази од коронавирусот во однос на оние што не носат маски.

Кога некој што седи во авион и носи маска, во просек 0,003 % од воздишните честички кои се во зоната на дишење околу неговата глава се заразни, дури и кога секое седиште е зафатено, се вели во студијата, која би можела позитивно да влијае на авионската индустрија.

Студијата била изведена на летовите на компанијата „Јунајтед ерлајнс“, на авионите „боинг 777 и 767“. Таа покажала дека маските помагаат да се минимизира изложеноста на инфекцијата кога некој ќе се закашла, дури и ако тој човек седи на соседното седиште, пренесува „Ројтерс“.

„Ваквите резултати значат дека шансата да се заразите од Ковид-19 во авионот на „Јунајтед ерлајнс“ речиси не непостои, дури и кога авионот е полн“, изјавил официјалниот претставник на авиокомпанијата.

Студијата проценува дека патникот, за да се зарази, мора да биде во авионот 54 часа со некоја заразена личност од Ковид-19. Истражувањето траело шест месеци и опфатило 300 теста. Тестови биле правени за време на 38-часовен лет и 45 часа на земја.

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven anime: Watch Kaguya-sama: Love is War Season 2 Episode 8 (https://animeheaven.pro/m/6884/ep-8)

GoGoAnime gogoanime1: The Promised Neverland Season 2 Episode 11