Масло од диво оригано против кардиоваскуларни заболувања и менструални болки

Маслото од диво оригано е едно од најбараните природни лекови, а се користи за различни здравствени тегоби. Тоа се смета за еден од најдобрите природни антибиотици, а поради неговата сила помага во уништивање на многу бактерии.

Штити од кардиоваскуларни болести

Благодарени на силните антиоксидативни својства, го штити срцето и крвните жили од штетите кои ги нанесуваат слободните радикали. Го намалува и лошиот холестерол и го спречува таложењето на масти во телото.

Помага против бактериските инфекции

Многу истражувања ги потврдуваат неговите антибактериски својства, а тоа особено помага кај бактеријата ешерихија коли. Често го користат луѓе кои имаат проблеми со бактериите на ноктите.

Ги олеснува менструалните тегоби

Традиционално се користи против болни или нередовни менструации. Спаѓа во оние производи кои го стимулираат протокот на крвта и предизвикува контракција на матката. Затоа не се препорачува за трудници.

Помага кај проблемите со варењето

Без добро варење, нема добро здравје. Ова масло го стимулира варењето, а со тоа ги уништува гасовите и помага во регулирање на желудочната киселина.

Scroll to Top