Мед и ореви за зајакнување на организмот во ладните зимски денови

И медот и оревите се многу здрави намирници. Научниците одамна докажаа дека содржат голема доза на важни витамини и минерали, така што благородно делуваат на човековиот организам, а нивната смеса помага да се решите од многу опасни болести.

За да ја подобрите работата на внатрешните органи и целиот систем, би требало почесто да јадете мед со ореви. Ќе ви користи и ако сте под емотивен стрес или ако работите тешки физички работи.

Зошто треба да јадете мед и ореви?

Кога редовно јадеме мед и ореви, во нашиот организам се случува следново:

  • Доколку страдате од главоболка, ќе ви помине.
  • Ја нормализира работата на системот на варење. За да се решите од затворот, почесто јадете ја оваа слатка смеса.
  • Помага за побрзо оправување по породувањето.
  • Медот и оревите се незаменливи за женското здравје затоа што содржат супстанци кои го подобруваат дотокот на крв кај органите во малата карлица, а со тоа го зголемуваат и либидото.
  • Кај мажите ја зголемува потенцијата.
  • За зајакнување на имунитетот – доволно е секојдневно да јадете мала количина смеса. Ако веќе сте добиле настинка, ќе ви помогне побрзо да се ослободите од затнатиот нос и воспалението на грлото.
  • Ако страдате од анемија, јадете ја оваа намирница затоа што содржи железо, цинк и манган.
  • Мед и оревите го стабилизираат метаболичкото нарушување.
  • Се препорачува во текот на интензивната умствена работа да јадете повеќе од овие намирници, кои ја подобруваат концентрацијата.
  • Оревите содржат состојки кои ги ублажуваат ревматичните болки.

Како да ја подготвите оваа смеса од мед и ореви

Оваа смеса воопшто не е тешко да се подготви, а подготовката е исклучително лесна.

Помешајте 500 гр. мед со 500 гр. ореви и додадете им сок од еден лимон. Добро измешајте и сипете во стаклена тегла.

Консумирање: За деца постари од 3 години – 1 лажичка два пати дневно.

За возрасни: 1-2 супени лажици три пати дневно.

Scroll to Top