Медицинска сестра од Португалија почина два дена откако ја прими вакцина Фајзер

41-годишна медицинска сестра од Португалија, која немала претходни познати здравствени проблеми, починала одненадеж два дена откако ја примила вакцината против коронавирусот на „Фајзер“ и „Бионтек“, пишуваат медиумите од земјата.

Медицинската сестра по име Соња Асеведо починала „ненадејно“ на 1 јануари, 48 часа откако ја примила вакцината. Властите најавија обдукција која треба да биде направена вечерва или утре, а која се очекува да разјасни барем дел од причините за смртта на Асеведо.

Мајката на две деца, која работела на детскиот оддел на Институтот за онкологија во Порто, немала никакви претходни заболувања или состојби, а не почувствувала ни несакани ефекти од вакцинацијата.

Scroll to Top