Со медицинска напивка на 80 години нема ниту едно бело влакно

By

Кога ќе заврши зимата и ќе настапи пролетта, тоагаш е идеално за чистење на организмот од токсините. Но, најдобар начин за тоа е едно од најсилните средства за детоксикација – пченичната трева, односно младата пченица.

Тревата од пченица дејствува како чиста сончева енергија, а 7,5 грама има еднаква нутритивна вредност како и 175 грама морков, салата или целер. Нејзината способност за прочистување на организмот била позната уште во добата на фараоните.

Денеска, кога секојдневно се соочуваме со стресот, загадената околина, штетното зрачење и нездравата храна, нејзиното детоксикациско дествување е поважно од кога било.

Ако се чувствувате уморно и тешко и постојано сте деконцетрирани, чистењето на организмот со трева од пченица може да ви помогне да ја вратите енергијата и да го подобрите здравјето.

Знаци дека ви е потребна детоксикација:

  • главоболка
  • алергија
  • проблеми со кожата
  • непријатен здив и мирис на телото
  • лошо варење
  • надуеност и гасови
  • дебелеење или прекумерно слабеење
  • запек
  • замор, лоша концентрација, слабо паметење
  • депресија
  • привремено стареење

Предности од тревата од пченица

Пченичната трева содржи повеќе од 100 елементи кои му се потребни на човекот, меѓу кои се и есенцијалните масни киселини, важни ензими и антиксиданси.

Еден од важните елементи е хлорофилот, на кој отпаѓа околу 70 отсто од составот на пченичната трева. Хлорофилот е поврзан со исфрлањето на отровот и тешките метали од телото. Тука се и витамините A, B, B17, C, E, F, и К и минералите калциум, железо, магнезиум и калциум.

Тревата од пченица го зголемува бројот на црвени крвни зрнца, ги чисти крвта и другите органи и го стимулира метаболизмот. Поради високиот удел на хлорофил, се збогатува крвта со кислород. Ефикасно го чисти црниот дроб и ги неутрализира токсините. Ја поттикнува работата на тироидната жлезда и ја намалува киселоста на организмот.

Сокот од пченична трева ја враќа бојата на белите влакна

Редовното пиење свеж сок од млада пченична трева ни овозможува голем број предности, а една од нив е таа да може да го забави растот на белите влакна и на косата да ѝ ја врати нејзината природна боја!

Пиењето сокови од млади зелени житни зрна прв го промовирала доктор Ан Вигмор. Таа детаљно ги истражувала лековитите својства на сокот од млада пченица и го развила и детаљно го опишала процесот на одгледување млада пченица во плитки садови дома или на било кое друго место. Измислила и евтин соковник за младата пченица за животниот еликсир да го направи достапен за секого.

На 82 години доктор Вигмор немала ниту едно бело влакно! Тоа било толку неверојатно што студентите ја замолиле да им допушти да ја проучат нејзината коса во лабораторија. Тестот покажал дека тоа била нејзината природна боја!

Сокот од пченична трева воедно е одличен чистач на крвта и помага во подмладување и регенерација на нашата кожа.

Поради високиот удел на хлорофил, како и аминокиселините, минералите, витамините и ензимите, пченичната трева овозможува широк спектар на здравствена корист и лековита предност.

 

Почнете со количина од 30 милилитри сок на ден, кој постепено можете да го зголемите до 30 милилитри двапати дневно.

Еве како да ја одгледувате пченичната трева:

  • Потопете семе од пченица од 8 до 12 часа,
  • Семињата оставете ги во стаклената тегла и во текот на наредните 24 часа исплакнете ги трипати,
  • Кога ќе почнете да забележите ’ртење, посадете ги семките на врвот на земјата. Односот нека биде еден дел тресет спрема три дела земја,
  • Залијте ја посадената пченица и покријте ја теглата во текот на првите три дена за да не се исуши. Во текот на тие денови добро полевајте ја пченицата наутро, а навечер прскајте ја со вода,
  • Идеалната температура за раст на пченицата и избегнување на мувлата е од 21 до 26 степени. Ако се појави мувла, посадете нова пченична трева,
  • Пченичната трева може да ја сечете кога ќе порасне 20-ина сантиметри. Два дена пред сечењето изнесете ја на сонце за да дојде до синтеза на хлорофилот,
  • За новата тура користете ново семе и земја,
  • Сокот од пченичната трева можете да го исцедите со помош на соковник или да го сомелете во блендер со додаток на вода.

Чаша напивка од пченична трева:

Измиксирајте ги во блендер следните состојки:

  • 30 милилитри пченична трева
  • лажичка исечкано нане
  • филџан сок од ананас
  • филџан сок од портокал
  • половина чаша сок од лимон
  • лажичка мед
  • 2/3 лажички лед

Ќе ви се допадне