Млекото со прополис лекува пневмонија, инфекции, чир и кашлица

Прополисот во комбинација со млекото лекува повеќе од 10 болести. Прополисот, кој е отпаден производ на пчелите, содржи различни органски супстанции. Се користи за лечене кожни болести, рани, воспаление во усната шуплина и чир. Има примена и во стоматологијата, педијатријата, гинекологијата, урологијата, гастроентерологијата, кардиологијата и онкологијата. Но, лековитоста на прополисот се зголемува кога му се додава млеко. Оваа напивка го спречува развојот на настинки, лекува грип, а запира и воспалителни процеси од секаков вид.

За лекување грип, инфекции на дишните патишта, бронхитис, пневмонија, астма… 
Дваесет капки прополис се додаваат на 100 мл врело млеко. На децата помали од 6 години им се даваат само 4 капки прополис во 100 мл млеко. Овој напиток треба да се пие пред спиење. За да се спречи грип, кашлица, воспалено грло – земајте на еден час во текот на денот по една лажица од овој пијалак. За да го зајакнете имунитетот, земете една лажичка од ова млеко 15 минути пред оброците.

Болести на жолчната кеса, панкреасот, бубрезите и бешиката
Во 500 мл врело млеко растворете 40 капки тинктура од прополис од 10%. Пијте 5 дена.

Чир на желудник и на дванаесетпалачно црево
Во 200 мл врело млеко додајте 60 капки тинктура од прополис од 30%. Поделете во три дози и пијте во текот на денот 30 минути пред оброк. Третманот треба да таре три недели.

Панкреатитис
Во 100 мл врело млеко растворете половина лажичка прополис. Пијте на парзен стомак наутро и навечер пред спиење.

Простата
Во 50 мл врело млеко додајте 20 капки тинктура од 10% прополис. Земајте три пати дневно. Исто така е корисно прополисот да се држи под јазик додека не се растопи.

Хронични заболувања на машкиот репродуктивен систем

Ставете 30 г прополис во 1 литар врело млеко, измешајте и оставете да се излади под капак. Пијте три пати на ден пред јадење.

Болки во зглобовите, артритис, ревматизам, гихт
Во 100 мл топло млеко, растворете 1 лажичка од 10% прополис тинктура. Пијте три пати дневно.

Болни менструации
Воспалителни процеси на женскиот репродуктивен систем се третираат со 100 мл топло млеко и 15 капки прополис.
Пред конзумирање на прополис, проверете дали сте алергични на истиот.

Scroll to Top