Најдобра и најлоша храна за целулит

By

„Со оглед на тоа дека генетиката игра главна улога во целулитот, за него навистина нема совршен лек. Сепак, губењето тежина и намалувањето на внес на нездрави масти, шеќери и сол може драстично да го намали целулитот” – вели диетичарката-нутриционист Кристен Карлучи Хасе.

Прво, најлошото

Обработено месо и кашкавал

Стандардна порција на обработено месо (сувомеснати производи) содржи околу 790 милиграми натриум – една третина од препорачаната дневна доза. Сега на тоа додајте го фактот дека јадеме повеќе парчиња сувомеснато… многу повеќе од доволно. А и обработените кашкавали не се многу подобри – на пример фета содржи 400 милиграми сол во една четвртина шолја кафе. Каква врска има ова со целулитот? Деликатесната храна со висока содржина на натриум, како обработеното месо, шунката, сланината, чајната, куленот, кашкавалите… предизвикува задржување на водата. Многу се солени, свесни сте и сами, а солта ви е најголемиот непријател доколку се обидувате да се ослободите од целулитот, – објаснува Карлучи и додава – не само што ќе ве направи подуени туку и го прави целулитот екстра видлив.

Конзервирана супа

Конзервирана супа или супа во кесичка може да ви звучи како едноставно решение за лесна  вечера кога ви се јаде нешто, но тие се само една голема коцка сол и вегета истурена во вода – односно токму тоа од што е направен и целулитот – врзана вода во сол и масти. Направете си супа сами! Сварете морков, брокула, карфиол, пашканат и исцедете еден цел лимон. Ова нека биде вашата супа барем додека сте на рестрикција за отстранување  целулит.

Газирани и засладени пијалаци

Дали вашиот целулит станува сè поизразен со секој изминат роденден? Тоа е најверојатно бидејќи вашето тело произведува помалку колаген – протеин што ја прави кожата мазна и без дупчиња. За жал, бидејќи ова е природен дел од стареењето, не постои начин да се спречат негативните ефекти од намалувањето на колаген. Како и да е, ако ги исечете шеќерите од вашата исхрана (шеќерите го забрзуваат падот на колаген) многу да си помогнете. Иако шеќерите се речиси насекаде – од лебот и житните култури, до свежите, 100% природни сокови – да не зборуваме за обработените сокови спакувани во тетрапак или енергетските пијалаци – како да сте изеле кесичка шеќер. Намалете го внесот на овие работи – ако веќе не можете целосно да ги „исечете“ барем на две недели.

Сосови, особено скара-сосот

Кога врз вашето парче пилешко ставате скара-сос, најверојатно сте свесни дека додавате сол во вашата чинија. Но дали сте свесни дека со ова вие консумирате и шеќер двапати повеќе од препорачаната дневна доза? Да, сосовите се полни со сол и шеќер. Две супени лажици сос = 15 слатки колачиња. Што е уште полошо, шеќерите во сосовите доаѓаат од високо фруктозен пченкарен сируп, адитив што го зголемува апетитот. А ова не само што премногу ќе ви ги подигне нивото на шеќер, телесната тежина, целулитот туку и го бранува шеќерот во крвта предизвикувајќи телото да го испушти хормонот задолжен за складирање маснотии во телото.

Сирење

Која е поврзаноста меѓу сирењето што ќе го купите во продавница и целулитот на вашите бутови? Натриумот. Дури иако појадокот со сирење нема баш солен вкус, едно подебело парче сирење може да има 700 милиграми натриум повеќе отколку што би требало да внесете во текот на целиот ден. Не сакате едно парче сирење да ви го одлговлекува облекувањето шорцеви? Издржете барем една недела до две. Замена за сирење? Чашка нискомаслен јогурт. Можете да истурите една и во вашата шопска салата.

Пица

Надвор од генетиката, има огромен број нешта што можат да предизвикаат целулит. Едно од најчестите? Лоша циркулација на крв. Исхраната што е богата со нездрави масти, сол и шеќери може значително да ја забави циркулацијата на крвта и протокот на кислород. Како резултат на тоа, сврзното ткиво слабее, правејќи ја вашата кожа лабава. За да ја одржувате нормалната циркулација на крвта избегнувајте храна богата со заситени масти што ќе ви ја згрутчат крвта – како пицата. Според Школата за јавно здравство на Харвард, пицата и сирењето се најголемите извори на заситени масти во исхраната.

Маргарин и путер

Пред неколку децении научниците откриле дека ако инјектираат растително масло со водород тоа ќе се претвори во цврста супстанца и ќе остане такво и на собна температура. Ова откритие поттикна создавање транс-масти што имаат тенденција да се заглават во вашето тело, да ги затнуваат артериите – што ѝ отежнува на циркулацијата на крв и кислород. Не само што се опасни за вашето срце туку предизвикикуваат ткивата на кожата да ослабнат со што кожата се шири. Опасните вештачки масти (креирани од човекот) демнеат и во нискокалоричните маргарини и путери.

Соја-сос

Дали некогаш сте забележале дека вашиот стомак е малку подуен по солен оброк со голема количина соја-сос? Ова се случува бидејќи вашето тело задржува вода откако ќе изедет оброк спакуван со натриум. Покрај тоа што ќе ви ги направи фармерките потесни,  може да го направи целулитот поизразен.

Бел леб

Не е мала работа да се ослободите од целулитот. Личниот тренер и диететичар Кристин Реисингер сугерира да се откажете целосно од храната направена од бело брашно, како белиот леб и општо белите печива. Зошто? Вие можеби не го сметате лебот за „слатко задоволство”, но телото го смета. Телото ви го претвора белото печиво, рафинираните јаглехидрати во шеќери, а потоа и во гликоза, состојка што му штети на колагенот па целулитот изгледа многу полошо отколку што реално е.

Чипс

Иако секој може да има целулит, доколку имате прекумерена тежина, губењето килограми и целокупна телесна маст ќе ви ја намали и појавата на целулит, вели Лаура Бурак, познат диететичар. За да го забрзате губењето тежина, Бурак препорачува да ги избегнувате обработените закуски, грицки – особено оние што е невозможно да ги јадете во „умерени количини” – како чипсот.

И сега, најдобрите намирници што  ќе ви помогнат во ослободувањето од целулит

Kоријандер

Оваа билка ќе направи многу повеќе покрај тоа што ќе ви даде добар вкус на храната. Свежата билка промовира детоксикација помагајќи му на телото да ги отстрани тешките метали од телото што имаат тенденција да се кријат во масните клетки. Овие тешки метали можат да ја нарушат нормалната функција на ткивото и како резултат на тоа да го спречат вашето тело да ги заздравува раните со иста брзина и да функционира правилно. Со намалувањето на вкупната содржина на токсини во вашето тело му помагате и да се ослободи од вишокот складирани маснотии – а со тоа и од целулитот.

Магдонос

На оваа неверојатно моќна билка луѓето често ѝ го вртат грбот одбегнувајќи ја, но таа ќе направи многу повеќе за вас отколку само да ви ја украси чинијата. Го ослободува телото од токсини, дејствува како диуретик, помага да се исчистат вашите бубрези, спречува надуеност и задржување вода. Да не зборуваме дека магданосот е богат извор на витамините А, Ц и Е, хранливи материи важни за здрава кожа и одличен борец против целулит.

Хељда

Ова малку познато растение е евтино, а и здраво. Хељдата е лесно сварлива житна култура и целосен протеин. Богата е со Б витамини и растителни влакна. Таа има хранливи материи што се неверојатно важни во борбата против целулитот бидејќи ги чисти токсините од масните ткива. Ако ви се потребни уште причини за да почнете да ја консумирате – хељдата има високи количини лизин – аминокиселина што помага при поправка на телесните ткива и колагенот – го измазнува целулитот.

Јаткасти плодови

Знаеме дека ги јадете поради тоа што се богати со есенцијални масни киселини, но јаткастите плодови се уште една намирница што помага да се намали појавата на целулит. Омега-3 масните киселини придонесуваат за здравјето на кожата и клеточната мембрана како двоен заштитник на вашето тело: Не само што ги блокира штетните соединенија, како токсичните хемикалии, туку и ги задржува здравите елементи правејќи вашата кожа да изгледа помека и позатегната.

Цитрон

Ова веќе го знаете, но еве ќе повториме. Ова цитрусно овошје ја прави вашата кожа помазна благодарение на нивната содржина на витамин Ц. Исто така помага да се изгради и да се задржи колагенот во кожата – есенцијална компонента во борбата против целулитот. Консумацијата на ова овошје ќе ве одржи хидрирани па вашата кожа ќе изгледа поздраво. Некои истражувања открија и дека редовната консумација на грејпфрут може да помогне во зајакнување на метаболизмот.

Вода и лимон

Ако капнете неколку капки лимон (исцедете половина лимон) во чаша вода вие му помагате на вашето тело да го избрка целулитот на три начини: преку хидрирање, преку отстранување на токсините и преку внесот на витамин Ц. Вашата цел е да избегнете дехидрирана кожа која изгледа сува и е сува на допир, трнлива, лабава, а соодветно хидрирана кожа изгледа еластично, затегнато и мазно.

 

Ќе ви се допадне