Најголемите митови за слабеењето

Дури и во деновите поминати дома во изолација, можете да слабеете. Малку вежби, да внимавате на исхраната и килограмите ќе се симнат. Но, постојат неколку митови поврзани со слабеењето што треба да ги знаете.

Секој може да ослаби на ист начин

Слабеењето не е само броење калории, и не постои начин на слабеење што би им одговарал на сите. Она што функционира кај вашите пријатели, не значи дека ќе функционира и кај вас, најмногу заради различната конструкција на телото, начинот на живот и слично. Следењето на актуелните „модерни“ диети често пати доведува до спротивен ефект, па по крајот на диетата повторно ја ваќате изгубената тежина, дури и повеќе од тоа. Затоа пробајте да создадете здрави навики во поглед на исхраната и вежбањето.

Исфрлањето на цели видови храна од исхраната е добро

Освен ако немате алергии на храна, нетолеранција на лактоза и слично, исфрлањето на одредена храна или група е целосно непотребно. На телото му е потребна разновидна храна која содржи јаглехидрати, масти и протеини за да функционира оптимално. Ако не јадете производи што содржат глутен, на пример, и покрај тоа што немате нетолеранција на глутен, може само да му наштети на организмот на подолги патеки.

Јаглехидратите се непријателот

Јаглехидратите не се единствените предизвикувачи на дебелеењето. Тие се главниот извор на енергија на телото и дефинитивно можат да работат и против нас, но доколку во умерени количини јадете квалитетни јаглехидрати кои шеќерот во крвта го одржуваат стабилен, тие ќе ви помогнат во опоравувањето по вежбањето и ќе ви дадат енергија. Кога од исхраната ги исфрлате јаглехидратите, се губи т.н „водена тежина“ која креира илузија дека слабеете, с всушност само се исфрла вишокот вода од организмот. Кога повторно ќе почнете да ги внесувате, таа тежина се враќа бидејќи тие се складираат заедно со водата.

 

Вежбањето не е успешно освен ако не е интензивно и не ве препотува

Секој вид на вежбање е корисен, без разлика на неговата интензивност, и дава различни резултати. Пешачењето, јогата, пливањето, кардио вежбите со низок интензитет или таквите спортови се сосема легитимна форма на вежбање и покрај тоа што не се премногу интензивни и не секогаш препотуваат.

Не смее да јадете по 20 часот

Идејата дека јадењето по 20 часот предизвикува дебелеење е сосема неточна. Ако телото дава физички знаци на глад, тоа значи дека му е потребна енергија, и воопшто не му е битно колку е часот. Често пати оние што не јадат доволно во текот на денот, силно огладнуваат навечер и се прејадуваат. Затоа добро балансираната исхрана составена од барем појадок и ручек овозможува да правите попаметни избори навечер и да го избегнете прејадувањето или јадењето премногу калорична и нездрава храна.

Нискокалоричните варијанти на храната се најдобри

Ваквите варијанти на одредените производи имаат многу повеќе адитиви во нив, кои ги заменуваат хранливите состојки како шеќерите и мастите. Ова може да доведе до прејадување со нискокалорична храна бидејќи истата не заситува доволно.

Тежината е најдобар показател за здравјето

Невозможно е да се поврзе тежината со здравјето бидејќи секое тело е различно, а големината на телото не е секогаш поврзана со здравствените маркери како холестеролот, нивото на шеќерот во крвта и крвниот притисок. Животниот стил (исхраната, физичката активност, стресот, спиењето, социјалниот живот) може да влијае на здравјето подеднакво како и тежината. Покрај тоа, мускулното ткиво тежи повеќе, па оној кој што е помускулест ќе има повеќе килограми од друга личност кај која тие килограми би биле премногу за нејзината конструкција.

Scroll to Top